March 7, 2021
Portali Shprehja

Процесот „Жан Моне“ ќе продолжи без меѓународно посредништво

Партиите предложија по тројца свои членови до претседателот на Собранието, Талат Џафери во работната група која треба да го продолжи процесот на Жан Моне за измени или евентуално донесување на нов Деловник за работа на законодавниот дом. Како што вели Џафери во интервју за МИА, идејата е постапката да ја отпочнат партиите сами, без медијација и надгледување од европратениците, процес кој прекина поради пандемијата. Тие сега ќе да добиваат периодичен брифинг за постигнатиот напредок.

Ние дел од одредбите веќе ги имаме усогласено од претходниот мандат. Сега не би се враќал на тој дел. Сега за новите. На пример, конститутивна седница да има тек, почеток и крај. Да не биде отворена можноста да трае со денови конститутивната седница. Да се дефинира, на пример, точно кога ќе се смета дека Собранието е конституирано за да можат да почнат да течат роковите конкретно по она што произлегуваат за другите институции, примената на роковите и текот на работата по тие рокови. Има низа работи.

Во инклузивниот процес се вклучени сите политички партии, но и пратеници кои не се во пратеничките групи. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, ни изјави дека покрај него, предлози на владејачката партија се и Диме Велкоски и Снежана Калевска – Ванчева.

Во однос на измените на Деловникот, тоа ќе го правиме кога ќе започне процесот. Последниот пат, во претходниот состав на Парламентот направивме сериозен прогрес, но, со случувањата во овој состав произлегуваат и други работи за кои треба да дискутираме.

ВМРО-ДПМНЕ ги номинира Никола Мицевски, Александар Николовски и Гордана Силјановска – Давкова. Според Мицевски, постојат отворени прашања кои треба да се дискутираат, но, се надева на успешно донесување на Деловникот.

Бевме блиску до донесување на Деловникот минатиот пат, но, неколку спорни работи останаа, иако има голем број на усогласени работи кои на новата средба нема да значат ништо, бидејќи ќе се започне од почеток. Наша желба е сами да го изработиме Деловникот, а европратениците кои доаѓаа на средбите, ако успееме да ги поканиме на неговото конечно усвојување.

Во однос на партиите од албанскиот политички блок, тројцата пратеници од ДУИ кои се кандидати за влез во работната група се Арбр Адеми, Арбен Зибери и Арта Биљали – Зендели. Од коалицијата Алијанса- Алтернатива, пак, не соопштија на кои пратеници паднал изборот.

Ковид -19 го одложи „Жан Моне“. На последната тет а тет средба во февруари минатата година, разликите кои останаа непремостени, покрај времетраењето на конститутивната седница, беа и донесувањето на Деловникот со новото уставно име на државата, како и критериумите за изборот на идниот генерлен секретар на Собранието и неговите помошници.

Alsat

.

Të Ngjajshme

Aksioni policor në “Bogorodicë”, kapen qindra kilogramë marijuhanë

admin

Policia me aksion anti-drogë në “Bogorodicë”

admin

Najçevska: Dorëheqja morale, term i panjohur tek ne

admin

Leave a Comment